Синот на Драгана Мирковиќ се посвети на Бог и верата: По приказните за разводот на пејачката и бизнисменот, Марко го посети местото каде го наоѓа својот мир
Покрај Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, последните денови во центарот на вниманието во јавноста се и нивните деца, синот Марко и ќерката Емануела.
Имено, синот на бизнисмен и пејачката е особено актуелен последните денови поради различни теми, главно односот со татко му и мајка му.
Па така се шпекулира дека не е во добри односи со Тони, и дека целосно и се обратил на мајка си и ѝ се посветил, откако татко му започнал живот со друга.
Инаку, Марко неодамна и се посвети на религијата, барем судејќи по неговите приказни на Инстаграм.
Често ја посетува црквата, а често објавува и фотографии.
Потсетуваме, неодамна беше објавено дека Марко по разводот на неговите родители го презеде управувањето со кариерата на неговата мајка, а покрај тоа има уште една „страст“.
Марко избегнува скандали и води прилично мирен живот, но се држи до своето хоби. Тој е страстен љубител на скапи автомобили, особено на „Формула 1“.
Пред неколку години се појави на јавен настан, а тоа беше хуманитарна автомобилска трка на патеката Хокенхајм во Германија.