Сиромаштијта се одразува и на интелигенцијата: Пусти пари проклети...или не?
Студијата спроведена на примерок од 25.000 луѓе родени ширум светот покажа дека не само што беспарицата се одразува на образованието, туку и дека интелигенцијата влијае негативно.
Сиромаштијата, за жал, може да има негативно влијание не само врз образованието, туку и врз коефициентот на интелигенција со тоа што ќе се намали - покажало студијата на научниците од универзитетот Остин во Тексас и универзитетот во Шкотска во Единбург. Експертите се обидоа да најдат врска помеѓу двата фактори, кога откриле дека тие биле поблиску поврзани во Америка отколку во Европа и Австралија.
Истражувачите велат дека тие ги добиле ваквите податоци со анализа на примерок од 25.000 луѓе родени ширум светот. Студијата откри дека, бидејќи има здравствена заштита за сите во европските земји, тоа помага да се премости социјално- економскиот јаз меѓу богатите и сиромашните, што пак има позитивно влијание врз интелигенцијата и образованието.