Сите насмевки на Зоран Заев

Го продолжуваат животот. Но не сите! Различни насмевки испраќаат различни сигнали. Во комбинација со говорот на телото тие суптилно ќе ни кажат многу повеќе за одредени личности

Ако барате повод, заборавете на оправдувања, затоа што светските еминентни психолози тврдат дека секоја ситница е доволна причина усните да ви се претворат во мала крива линија која има моќ да исправи и животни нерамнини. Податоците покажуваат дека современиот човек се смее само 60 секунди. Турболентното време си носи тешкотии, па да се изнуди насмевка денес е вистинска реткост, посебно онаа искрената. Ама без разлика на формата, насмевката секогаш одразува емоција и е пропратена со говорот на телото. Искреното смеење се познава по затегнатите, смалени очи и отворена уста. Сепак, не се смеат сите на ист начин, па според тоа психолозите можат да го одредат профилот на луѓето. Но, еден човек може да има илјада насмевки! Во каква ситуација се наоѓа, што сака да каже, што не сака да каже…  насмевката може да го “издаде”. Не може, а да не се забележи дека нашиот Премиер Зоран Заев често има насмевка. Скоро на сите јавни настани, неформални дружења и во друштво на државници, тој успева да се смее. Тоа е вештина и способност, протоколарна куртоазија или неочекувана реакција. Ние не би знаеле со сигурност какви се неговите насмевки, но според Зигмунд Фројд, Жан Кристов Сезнек и Семјуел Лепастје, сите врвни светски признати психо- аналитичари, насмевките во даден момент и тоа како зборуваат за личноста и неговата моментална состојба. Ова важи за сите, но добро е да знаеме како се смееме бидејќи имаме многу начини, ама и да препознаеме како другите се смеат.

Насмевка со затворени усни 

Се работи за посакувана насмевка кај политичарите- покажува дека човекот знае нешто многу важно но нема намера да го сподели со вас. Лесно се препознава, сличен е на оние на билбордите и портретите- одглумен. Насмевката се гледа, ама забите не!

Искривена насмевка 

Открива дека некој е збунет. Едната страна од устата е придвижена нагоре, а другата надолу. Таа што оди нагоре би значело дека во иднина ве чека нешто добро, а онаа надолу дека нешто не е во најдобар ред.

Присилна насмевка

Тоа се оние денови кога некој не е расположен, ама ситуацијата е таква и мора да се биде насмеан. Од една страна, усните пробуваат да изгедаат среќно и насмеано, ама очите откриваат дека тоа не е така- во нив нема среќа ни радост. 

Искрена насмевка

Широка насмевка открива човек кој се смее од срце, искрено. Исто така, оваа насмевка е “заразна” и секого може да го направи среќен.

Потсмев

Тоа е насмевка која изгледа малициозно и извештачено. Усните се нежно заоблени со аголот према горе, а во очите се отчитува некое ривалство или презир. Одма се забележува.

Самозадоволувачка насмевка

Усните се цврсто стиснати, а аголот е малку поткренат во однос на другиот. Ова е можеби најсложената насмевка за препознавање. Во зависност од личноста, може да биде знак на ароганција и задоволство, но и кокетирање.

Насмевка со отворена уста

Таа е одлична за фотографирање или за правење селфи, но може да изгледа лошо ако често се користи. Изгледа како некој да е преплавен со среќа, а можеби и не е, само сака така да изгледа.

Кокетна насмевка

Многу е слична кај оние со самозадоволителна насмевка, со таа разлика што личноста која кокетира- ги гризе најчесто усните и гестикулира со рацете. Тоа изгледа неверојатно таинствено и привлечно. 

Пан Ам насмевка

Токму овој тип е најлажната насмевка од сите, а името е добиено по стјуардесите на “Пан Ам” кои не ги симнуваа од лицето. Усните се нежно отворени, како да пробуваат да се насмевнат, ама очите немаат дефиниран израз освен строг поглед. Овде нема никакви емоции.

Небојша Толески