Скопско слави 100 години со уникатен дизајн на кој се појавуваат имињата на градовите во земјава
Скопско слави 100 години постоење. Го слави животот и приказните на луѓето, слави 100 години на заеднички моменти, полни со љубов и насмевки и со сите драгоцени моменти поминати на забавите, веселбите, славите, крштевките и свадбите на кои беше присутно заедно со оние поради кои што постои – љубителите на доброто пиво.
Како бренд кој постои веќе 100 години, Скопско стана синоним на вистинските вредности на луѓето на овие простори. Тоа е неизоставен дел од културата, традицијата и од секоја приказна на луѓето од оваа земја.
Скопско е омилениот вкус со кој луѓето тука се фалат пред гостите од странство, на кое му се радуваат со секоја голтка и кое го празнуваат од срце. Бидејќи Скопје не е само пиво, туку тоа е и секј агол на Македонија. Скопско е и Битола, Охрид, Велес, Виница, Кичево, тоа е дел од сите убави градови и сите незаборавни моменти.
Скопско е на сите нас, и токму затоа овој бренд со душа со цел за да им се заблагодари на своите потрошувачи воведе лимитирана количинана шишиња и лименки на која сега се појавуваат имињата на секој од градовите во државата.
Скопско им припаѓа на сите. И токму затоа, сака да им се заблагодари на сите потрошувачи од сите страни на земјата, преку воведување на лимитирана количина на шишиња и лименки на кои сега се испишани имиња на секој од градовите во државата.
Веќе од денеска, љубителите на добро пиво можат да седнат покрај Охридското Езеро и да пијат Охридско или пак да се качат на Пелистер додека се разладуваат со Битолско. Каде и да се наоѓа, во било кој крај од светот, Скопско е препознатливо по уникатниот и автентичен вкус кој веќе 100 години претставува синоним за квалитет, среќа и задоволство.
На здравје, за наредните 100 години!
ПР објава