Скриено поглавје од Библијата: Со помош на УВ светлина, откриен е дел од старите сириски преводи кои датираат од 3 век

Додека го проучувале стариот палимпсест, научниците успеале да откријат изгубен дел од преводот на библискиот текст

Научници од Австрија објавија дека со помош на УВ светлина откриле скриено поглавје од библиски текст кој датира од пред 1.750 години. Станува збор за сириски превод на 11-то и 12-тото поглавје од Евангелието според Матеј, кое се наоѓало под три слоја ракописен текст.

„Традицијата на сириското христијанство познава неколку преводи на Стариот и Новиот Завет“, вели Григори Кесел од Австриската академија на науките. „До неодамна се знаеше дека само два ракописи го содржат старосирискиот превод на евангелијата.


Слоеви на текстови...

Пергаментот не бил лесно достапен материјал во средниот век, па затоа постарите ракописи често биле бришени и на нив пишуван нов текст - ова се нарекува палимпсест. Токму тоа се случи и во овој случај, кога еден писар во Палестина избриша сириски текст стар неколку века. Според некои проценки, потекнува од III век, а над него бил испишан нов во VI век.

Истражувачите кои работеле на овој проект тврдат дека ракописот е познат уште од средината на 20 век, но дека е повторно откриен во 2010 година - за да биде дигитализиран една деценија подоцна. За време на дигитализацијата, УВ светлата беа користени и за подетално испитување на секој детал, што доведе до откритието.

Како што веќе беше спомнато, новооткриената верзија е текстот од 11-то и 12-тото поглавје од Евангелието по Матеј, кој првично бил дел од старите сириски преводи. Затоа, нуди „уникатна порта“ за истражувачите да ги разберат најраните фази на текстуалната еволуција на Библијата и укажува на некои разлики со современите преводи на текстот.

Резултатите од истражувањето беа објавени во „New Testament Studies“.

Извор: nationalgeographic.rs