Славниот сликар починал од болест скоро идентична на коронавирусот - пред 500 години

Сликарот Рафаел имал треска и ѝ подлегнал на болест од типот на „коронавирус“, бидејќи им премолчил на лекарите дека излегувал во судени ноќи за да бара и да го посетуваат љубовници, открива студија посветена на ренесансскиот уметник.

Митот говори дека сликарот чија 500-годишнина од смртта се слави оваа година починал од сифилис кога имал само 37 години. Експертите денес се согласуваат дека тој починал од инфекција.

Треската со денови го мачела сликарот и архитектот, а Папата, кој „се плашел од загубата на тој бесценет уметник“, ги испратил своите најдобри лекари да се грижат за Рафаел, открива медицинскиот историчар Микеле Августо Рива.

Како што наведува италијанскиот сликар Џорџо Васари (1511-1574) во своето дело Жвотот на најдобрите сликари, скулптори и архитекти, Рафаел не им кажал на лекарите дека „ во ноќите се искрадувал од куќата“ за да ги посети љубовниците.

„Тогаш, ноќите во март беа многу постудени, можно е тој да има пневмонија“, смета Рива.

Лекарите дијагностицирале треска и пропишале отпуштање на крв - со пијавици или засеци - и оваа постапка го ослабнала уметникот до смрт, чудото од дете кое заедно со Микеланџело и Давинчи ја сочинуваат големата ренесансна тројка.

„Во тоа време, лекарите веќе беа свесни за опасностите од крварење при лекување на заразни болести, но делуваа врз основа на дезинформации“, објаснува Рива.

„Тоа е грешка на докторот, но и на самиот сликар што молчеше дека излегува во студените ноќи“, тврди Рива.

Научниците ја подготвија оваа кратка студија објавена во списанието Внатрешна и итна медицина пред ковид-19 да започне да ја уништува северна Италија кон крајот на февруари.

„Според она што го знаеме, Рафаел починал од болест на белите дробови многу сличен на коронавирусот што го знаеме денес“, вели Рива.

Според сведочењата на неговите современици, сликарот бил болен 15 дена, а болеста била акутна, проследена со висока температура.