Словенија во хаос: Вчера 2.025, денес 1.685 новозаразени од коронавирус

Бројот на вкупните зарази од почетокот на епидемијата во Словенија изнесува 41.093, од кои во моментов се активни 23.432 случаи, додека бројот на заразите на 100.000 жители во последните 14 дена изнесува 1.118.

А, во последните 24 часа со 5.991 направен тест потврдени се 1.685 нови случаи на зараза со коронавирусот, починале 22 лица, велат од словенечката влада.

Ден претходно беа потврдени 2.025 коронаинфекции.

И следните денови очекуваат големи бројки на новозаразени и хоспитализирани, иако тамошните епидемиолози веруваат дека кон крајот на следната седмица вториот бран од епидемијата ќе го достигне врвот.