Смислија како да не плаќаат струја: Токму на овој начин го спречуваат броилото да влече киловати

Граѓаните на Црна Гора најдоа друг начин како да не добијат високи сметки за струја. Имено, тие почнале да купуваат паметни телефони со апликација која го попречува работењето на броилата.

На неколку затворени групи на социјалните мрежи и форуми се продаваат телефони со специјален софтвер и инсталирани апликации кои ја намалуваат потрошувачката на струја. Продавачот на телефоните тврди дека пред продажбата секој клиент може да се увери дека апликацијата работи и дека навистина ги намалува потрошените киловати. Покрај телефоните со апликации за кражба, на социјалните мрежи и форуми се продаваат и други уреди.

Поскапата варијанта и најзастапена е набавката на специјални, силни магнети кои ја забавуваат работата на броилото, а може да се нарачаат и онлајн. Корисник од профил на Фејсбук кој продава телефони во Подгорица тврди дека има апликација која го попречува работењето на броилата и со тоа ја забавува потрошувачката. Паметни телефони со инсталирани апликации за попречување на работата на броилото корисникот ги продава од 160 до 280 евра во зависност од моделот на телефонот.