Снимка од застрашувачки природен феномен: Се споија небото и земјата! (ВИДЕО)

Водената пијавица ја осветли целата површина на езерото!

На брегот на езерото Мултри во американската сојузна држава Јужна Каролина, планинарите во неделата беа сведоци на неверојатен природен феномен.

Во еден момент се појавила водена пијавица која ја осветлила површината на езерото. Пијавицата се појавува во крајно нестабилна атмосфера. Се смета за помало торнадо на водата.

Пијавицата се појавила над вештачкото езеро, кое е трето по големина во Јужна Каролина. Нема повредени, бидејќи ова мало торнадо се случило подалеку од брегот.


Ваквите појави се малку ретки, иако почести во тропските региони. Во американската држава Флорида, склона кон торнада и пијавици, годишно се случуваат околу 500 вакви појави, честопати повеќе од една во исто време.


Фото и Видео: Твитер