Со А1 Македонија опуштено сурфање и во роаминг

А1 Македонија со големо задоволство ги претставува новите роаминг пакети со атрактивни цени и вклучен висок волумен на мобилен интернет преку кои корисниците ќе можат да останат константно поврзани, но и да ги споделат своите уникатни доживувања од ова лето. Од денеска, за сите Припејд и Постпејд кориснци на мобилната телефонија достапни се новите роаминг пакети A1 Roam Surf Greece и A1 Roam Surf EURO.

Со цел задоволување на корисничките потреби постојано да бидат онлајн, А1 го креира A1 Roam Surf Greeceпакет со кој корисниците можат слободно да сурфаат кога се во Грција, а притоа да не се грижат за трошоците за интернет во роаминг. Со A1 Roam Surf Greece корисниците добиваат вклучени 10GB за 999 денари во Грција. Пакетот може да се активира преку апликацијата Мојот А1 или со едноставно испраќање СМС порака со клучен збор START GR на 140999.

За корисниците коиво живо ќе ја бодрат македонската фудбалска репрезентација во Романија и Холандија, А1 го креира A1 Roam Surf EUROсо чие активирање  добиваат 5GB за само 499 денари, а можат да го активираат преку апликацијата Мојот А1 или со СМС порака со клучен збор START EURO на 140999.

Новите роаминг пакети на А1 Македонија се збогатување на досегашната понуда која овозможува комуникација во повеќе од 45 земји во светот со што корисниците се поврзани во секое време и на секоја дестинација. За деталите за останатите пакети за интернет во роаминг можете да се информирате со пристапување на следниот ЛИНК.

ПР објава