Со дрон ја следел сопругата за да провери дали го изневерува: Тоа што го снимил му го скршило срцето (ВИДЕО)

Кога се сомневаме дека партнерот не‘ изневерува, постојат различни начини на кои можеме да ги потврдиме нашите сомнежи пред да го соочиме со доказите што ги имаме. Сомнителниот сопруг Џон Консиљо решил да користи дрон и да ја открие вистината за својот брак, колку таа и да е тешка.

На видеото што го снимил пред неколку години, прво се гледа неговата сопруга како оди по улицата близу домот, но наместо по стандардната рута до работа таа свртела на друга улица и дошла до паркинг.

Потоа се гледа како друг автомобил влегува на паркингот, застанува, а сопругата на Џон влегува во него. Џон ги потврдил своите сомнежи кога забележал дека неговата сопруга пред да влезе во автомобилот се наведнува од прозорецот на автомобилот и романтично се поздравува со непознат маж.

-Знам дека не можам да го обвинам само човекот, но во тој момент бев подготвен да го убијам. Чекав неколку дена да се смирам и потоа станав очаен. Најмногу сум загрижен за моите деца, рекол тој.

Сомнежите за неверството на жената ги покренал еден познаник на Џон и му предложил да се обиде да ја открие вистината со дрон, а по болното сознание Консиљо поднел барање за развод. Двојката има две деца.

Фото и Видео: Youtube