,

Со години наоѓале 2.000 евра на улица: Никој не знаел за што се работи, а потоа била откриена тајната

Во текот на шест години, снопови со банкноти од 2.000 фунти (околу 2.300 евра) биле оставани на различни места во мало англиско село, во вкупна вредност од околу 26.000 фунти. Чесните граѓани парите што ги наоѓале ги носеле во полиција, која со години не можела да им влезе во трага на Самарјаните.

Меѓутоа, тоа неодамна се промени и парот кој со години оставал пари се пријавил во полиција. Рекле дека парите ги оставале на местата каде што претпоставувале дека ќе ги најдат луѓето на кои им требаат, а потоа оддалеку гледале кој ќе ги земе банкнотите.

Еден од анонимните донатори рекол дека се чувствува поврзан со мештаните бидејќи еден од нив му помогнал, па сакал да се оддолжи.

Според полицијата, парот никогаш не барал ништо за возврат, а се дознало за нив откако медиумите ширум светот објавија за случајот.

извор:krstarica