Со Mastercard од УНИБанка, ја имаш Куба на дланка!
Да се посети Куба е неверојатно искуство! Веќе си замислувате остров на Карибите, палми, салса, мохито и пури, насмеан народ, едно магично патување на кое долго ќе се сеќавате. Доколку посетата на Куба ви изгледа како нешто далечно и недостижно, сега благодарение на наградната игра “Со Mastercard од УНИБанка, ја имаш Куба на дланка!” тоа е остварливо.
УНИБанка за своите корисници ќе додели 5 патувања за двајца на Куба, како и 5 златни плочки.
Што треба да направите? Едноставно, во период од 01 април до 30 јуни, доколку имате кредитни или дебитни Mastercardкартички од УНИБанка, или ако извадите новаMastercard картичка, и направите 10 трансакции месечно, во секој од трите месеци додека трае наградната игрa, станувате потенцијален добитник на патување за двајца во Куба, како и можност да добиете златна плочка.
Веројатноста овие Карипски острови да бидат достижни за вас, се зголемува со секои нови 10 трансакции следниот месец независно дали тоа ќе го направите на продажните места или во електронската трговија (плаќања на интернет) во земјата.
Во Куба и нејзиниот главен град Хавана ќе се чувствувате како со временска машина да сте се вратиле низ времето. Рајската плажа Варадеро сместена на тиркизното Карипско море, која веќе две години по ред од Tripadvisor е прогласена за најубавата плажа на светот, “живописните“ улици на Хавана каде голем дел од својот живот го поминал и Хемингвеј, најубавите коктели, најдобрите пури, се само еден мал сегмент што овој магичен остров има да понуди.
УНИБанка со патувањето во Куба ни овозможува искуство кое ќе го паметиме цел живот! Можност за учество во наградната игра има секое физичко лице со или над 18 години и е корисник на Mastercard картичките од УНИБанка.
И 5-те златни плочки не се ништо помалку примамливи. Станува збор за плочки кои се меѓу најбараните на светско ниво, кои имаат извонредна историска и културната вредност, чија вредност постојано расте, а УНИБанка е единственaта банка која во своето продажно портфолио има продукт инвестициско злато.
Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 17.07.2024 година во 15.00 часот, по принципот на случаен избор со помош на компјутерска програма.
Вакви награди не се пропуштаат! Одиме по Mastercard картичка од УНИБанка, и одиме во Куба!
Сите дополнителни информации можете да ги прочитате на www.unibank.mk.
ПР објава