„Со оваа професија се занимаваат мажи кои ги изневеруваат сопругите“: Адвокатка откри што работат и луѓето не можат да поверуваат
Адвокатката Кејт Симонс на социјалните мрежи откри во кои професии има најмногу прељубници
Таа издвои пет професии со кои најчесто се занимаваат оние кои обожаваат да го изневеруваат партнерот. Таа ги стави пилотите на петто, војниците на четврто, келнерите на трето, полицајците пред нив, а пожарникарите на прво место.
„Не го сфаќајте ова како правен совет, но ако вашиот сопруг се занимава со некоја од наведените професии, тој е озлогласен прељубник“, рече таа.
Очекувано, во коментарите следеа бројни реакции од корисниците на социјалните мрежи.
„Зошто мислите дека пожарникарите најчесто изневеруваат?“, „Мислам дека заборавивте да ги спомнете лекарите“, „Работам како пожарникар и тоа воопшто не е точно“, „Сите пожарникари што ги знам се семејни луѓе“. Еден корисник на Инстаграм се пошегува:
„Јас сум пожарникар и не се согласувам со тебе. Мојата сопруга и девојка исто така не се согласуваат со оваа изјава“.
Имаше и такви кои изјавија дека професијата нема врска со измама и дека се зависи исклучиво од карактерот на личноста.
Извор: жена.блиц.рс