„Со овој војник се допишував една година и му испраќав пари, а кога ѝ ја покажав сликата на мајка ми, светот ми се сруши: Таа ми кажа болна вистина поради која ми се згади“
35-годишната девојка го продала својот автомобил, телевизорот и вереничкиот прстен на баба и, сето тоа за да ги плати летовите на својот виртуелен љубовник, со кој сакала да се сретне. Му испратила преку 5.000 фунти, за на крајот на сето тоа да испадне дека човекот од нејзините соништа е најобичниот измамник кој ги користел фотографиите на американскиот воздухопловец Џонатан Рамос, пренесува „Жена“.
Се срамам од тоа, но се „залепив“ за тотален странец. Верував дека тој е личноста од фотографиите, дека е војник и дека се бори за својата земја. Кога ќе размислам сега се чувствувам глупаво, но во тоа време штотуку излегов од долгогодишна врска, татко ми почина пет месеци пред тоа. Знаеше дека сум ранлива и така ме измами“, вели оваа Британка.
Таа вели дека излезе во јавноста со целата приказна за да ги предупреди другите жени.
„Не сакам другите жени да изгубат се што јас изгубив затоа што се вмешале со измамници како него“, додаде таа.
Џули, која има две деца на возраст од 11 и 4 години, вели дека овој странец почнал да и праќа пораки на новогодишната ноќ 2018 година. Со текот на времето почнал да кажува дека ја сака и секогаш имал изговори зошто не можеле да се слушнат преку видео повик. Тој, исто така, почнал да бара од неа картички за подароци и одредени мали суми пари, на крајот барајќи од неа да му испрати 1.000 фунти за да може да дојде во Британија и да ја запознае.
Парите ги собрала продавајќи го својот накит, прстенот на баба и, а автомобилот го продала за 400 фунти. Но, кога таа отишла на аеродромот во јуни 2019 година да го чека - никој не се појавил.
„Само следниот ден ми испрати порака во која тврди дека командантот го спречил да дојде. Исто така, ми рече дека ќе му требаат повеќе пари и јас му поверував“, вели Џули.
Во октомври 2019 година, таа конечно и кажала сè на нејзината мајка Мери, која и ги отворила очите и ѝ кажала дека била измамена.
Подоцна, Џули на група на Фејсбук нашла видео кое разоткрива разни интернет измамници, каде вистинскиот Џонатан Рамос објаснува дека неговите слики биле украдени од неговата официјална страница на Инстаграм, каде што го следат над 90.000 луѓе.
Вооружена со тие докази, Џули го контактирала своето онлајн „момче“ и се соочила со него за неговите лаги.
Мислам дека беше од Африка и глумеше американски акцент. Само што ми ја спушти слушалката. Сакам да им овозможам на жените да го избегнат она низ што поминав. Луѓето често мислат дека само постарите жени паѓаат во овие замки, но еве јас имам 35 години и веднаш паднав во една“, заклучи Прајс, пренесува „Жена“.