„Со сопругот сум од 17 години, толку многу ми недостига интимна врска со друг што сакам отворена врска“: По деценија повеќе не може да го крие незадоволството

„Луѓето мислат дека сум среќна затоа што сум со првата љубов, донекаде и сум, но имам чувство дека толку многу сум пропуштила“, напиша жената која е со сопругот од 17 години...

„Имам 27 години, а мојот сопруг 30, се запознавме кога имав 17 години, се венчавме пет години подоцна“, изјавила таа и додала: „Толку ме возбудува помислата да имам секс со други што ќе му предложам отворена врска со мојот сопруг. Во животот сум спиела само со него и сега очајно сакам да ги исполнам моите фантазии, но не сакам да го уништам бракот“.

Таа за својот сопруг го напиша следново: „Го обожавам и сексот ни е добар и полн со љубов, но се прашувам дали можеби со друг односот е подобар? А и да не е подобар, ќе биде поинаков. Моите фантазии за други мажи почнаа кога еден маж разговараше со мене во кафуле.Тој беше многу убав и иако го одбив, размислував за него додека се самозадоволував. Следниот пат кога јас и мојот сопруг имавме секс, замислив дека е тој друг дечко и доживеав оргазам псилен од било кога. Оттогаш често флертувам со мажи. Не сакам да раскинам со мојот сопруг, па отворената врска веројатно би била совршена во мојот случај?“.

Сето ова таа го напишала во писмо до експертот за врски и колумнист на „The Sun“, Дејдре, кој одговорил: „Отворените врски не се волшебната формула што ја бараат многу луѓе. За да функционира немоногамијата, треба и двајцата да бидете сигурни во другиот, многу комуникација и целосна доверба. Премногу често читателите ме контактираат кога слични договори ќе тргнат наопаку; некој се чувствува лошо, љубоморен или, уште полошо, се заљубил во трето лице. Терапевтот советуваше да се постигне силен договор пред да се склучи отворена врска, а како уште подобро решение да се обиде да направи подобар интимен однос со сопругот.

Извор: zena.rs