,

Со тегла краставици урнала руски дрон: Излегла на балконот и слушнала страшно зуење

Еден од најнеобичните примери на чинови на отпор во Украина досега се случи во Киев, а тегла со краставици одигра улога во тоа.

Таа го неутрализирала рускиот дрон со тегла краставици

Приказната првично се прошири на Твитер, каде што корисниците со нетрпение ја ретвитуваа анегдота од Киев, дека непријателски дрон бил „соборен“ од тегла краставици. Твитот од @TsibulskaLiubov е ретвитнат над 46.000 пати.

- Во Киев жена со тегла краставици собори руски дрон од балконот. Како мислиеа да ја преземат државата? 

Коментарите беа полни со мемиња, но некои брзо почнаа да се прашуваат дали анегдотата навистина се случила. Според украинските медиуми, одговорот е потврден. Но, со една значајна разлика.

Украинскиот портал Liga.net успеа да дојде до жената која го урнала уредот. Олена им го опишала целиот настан. Таа сакала да испуши цигара на нејзиниот балкон кога слушнала зуење во близина и видела „нешто“ како лебди во воздухот.

„Се плашев дека ќе почнат да пукаат во мене“, објасни таа.

Затоа решила да го грабне најблискиот тежок предмет што го имала при рака. Таа зграпчила тегла со краставици.

Таа прецизно го погоди дронот, кој паднал и се распарчил. Олена и нејзиниот сопруг фрлиле делови од дронот во најблиската кофа.

- Не ја разбирам сета оваа електроника. Можеби дронот им ја даде мојата локација - објаснува таа.

извор:najzena