Солена цифра за ручек во ресторанот на Салт Бае: Познатиот шеф се пофали со вртоглава сметка - Сите се прашуваат кој ја платил?
Дали е ова најголемата сметка и бакшиш од 22.000 евра што некој некогаш ја направил? - Салт Бае објави слика со лежерен опис.
Турскиот готвач Нусрет Гокче, попознат како Салт Бае, постигна неверојатна популарност со начинот на кој го солеше месото. Оттогаш, тој отвори луксузни ресторани ширум светот, каде што е домаќин на најелитната клиентела од Бекамови до Ал Пачино - и сите сакаат храната да им ја посоли на негов начин.
Главен специјалитет на неговото мени е месото, поточно првокласно говедско, а Нусрет со своите следбеници на социјалните мрежи споделува со колкава страст пристапува кон подготовката на своите јадења, а уште повеќе да ги сервира. Кога ќе го исече месото и ќе го посоли, тогаш во ресторанот се појавува вистински спектакл, а сите насобрани го фотогрфаираат и снимаат овој момент.
Сега тој се фали со нешто друго, а тоа е небесно високата сметка што некој ја платил во неговиот ресторан во Дубаи. На сликата од сметката што ја сподели на Инстаграм, конечната бројка што некој ја платил за вечера и пијалоци, кога ќе се претвори од дирхами во евра, е „безначајни“ 100.000 евра.
„Парите доаѓаат и парите си одат“, напишал Нусрет на фотографијата.
За работите да бидат уште повпечатливи, само бакшишот чинел 90.000 дирхами или нешто повеќе од 22.000 евра. Најскапо јадење на оваа сметка бил „златниот стек“ по цена од 1.200 евра, а „златната баклава“ поевтина за само 100 евра. Пијалоците се дефинитивно први во трката за најсолена ставка на оваа сметка, а две шишиња вино „Петрус 2009“ чинат речиси 50.000 евра.
Иако Нусрет се пофали со овој еснаф, луѓето ширум светот веќе коментираат дека се „онесвестуваат“ поради цените, а некои се прашуваат дали златниот стек лекува рак, па затоа е толку скап.
„Се обложувам дека храната не е толку добра“, „Со овој лов пет години би јадел во подобри ресторани од неговите“, гласат дел од коментарите.
Рестораните „Нуср-ет“ се места каде рутински се прават сметки од повеќе од 100 долари по маса. Добиваат и многу негативни критики за лошата храна и невнимателниот однос, иако се уште важат за најпопуларни места за супербогатите. На пример, ресторан од Лондон минатата година, само три месеци по отворањето, направи промет од 7 милиони фунти. Салт Бае поседува повеќе од петнаесет ресторани во најголемите градови во светот, а неговото богатство се проценува на околу 51 милион евра.
Контроверзниот Турчин е секогаш во јавноста, а ако ги прашате неговите поранешни вработени, тоа е со причина. Медиумите јавуваат дека се поднесени голем број тужби поради наводни инциденти кои се случиле во неговите ресторани. Така, еден од поранешните вработени открил дека Салт за време на неговата смена за ручек во ресторан во Лондон, им наредил на вработените да се преправаат дека се гости и да чекаат ред за да изгледа дека ресторанот е полн.
Фото: Инстаграм
Извор: Мondo.rs