Според стара кинеска легенда: Овој трик со прстите ќе ви покаже кој ќе биде со вас до крајот на животот
фото: printscreen twitter
Една стара кинеска легенда вели дека секој прст има значење за некоја личноста и тоа личност блиска до нас
Според древното кинеско сфаќање за човекот, секој орган, секој дел од телото има своја функција и значење и тие веруваат дека се меѓусебно поврзани.
– Палците ги претставуваат родителите.
– Показалецот ги претставува вашите браќа, сестри и пријатели.
- Средниот прст се претставува себеси.
– Домалиот (четвртиот прст) го претставува вашиот партнер.
- Малиот прст ги претставува децата
Сега преклопете ги рацете дланка до дланка, а потоа спојте ги средните прсти како што е прикажано на сликата.
Обидете се да ги разделите вашите палци (родителите), ќе се одвојат затоа што нема вечно да живеат со вас. Ставете ги повторно заедно.
Обидете се да ги разделите показалците (браќа, сестри и пријатели), тие се отвораат затоа што и тие најчесто заминуваат, имаат свои животни патишта.
Обидете се да ги разделите малите прсти (вашите деца), тие се отвораат затоа што децата растат и одат по својот пат во животот. Ставете ги повторно заедно.
Конечно, обидете се да ги разделите домалите (партнерот) и ќе се изненадите, тоа е невозможно да се направи.
Паровите се поврзани до последниот ден од животот (идеално) и затоа венчалниот прстен се носи на тој прст!
извор:alo