„Спортското Шоуто“ на Тони и Тони заврши со вредна награда
„Живеејќи го сонот", спортскиот
документарец на МРТ за македонската машка одбојкарска репрезентација, ја освои
наградата „Mention
D' Honneour" на 42nd Sport Movies and TV film festival" во
Милано, Светското првенство поддржано од Интернационалниот Олимписки
Комитет.
Претходно, ова дело беше прогласено за најдобар долгометражен филм на фестивалот во Будва, а за МРТ е четврта награда на четири фестивалски настапи во последните 3 години.
-На наградата пишува „Macedonian Radio and Television - Rep of Macedonia. Тоа е! Кој знае - знае и дипломатија, поинаку кажано, кој сака - ќе научи, ама треба да сака и да му е најважно да ја брани Македонија. Ако му се важни други нешта, тој, тие, за мене е се ништо. Секој од срце за Македонија таму каде што може, најдобро и искрено, без оглед на сè. Секогаш! - вели спортскиот коментатор во МРТ и сценарист на документарниот филм Тони Стојановски.
Режисер на филмот е Тони Ристовски.
По наградата за најдобар долгометражен филм на фестивалот во Будва, ова за МРТ е четврта награда на четири фестивалски настапи во последните 3 години.
Македонските одбојкари немаа лесен пат, но никогаш не се откажаа од своите соништа. Беа упорни, веруваа во себе, работеа напорно. Македонската радиотелевизија со овој проект го забележаа нивниот труд. Создадоа траен запис за тоа што го живееја во минатите неколку години, а истовремено го промовирраа ЦЕВ ЕуроВолеј 2023 кој се одржа во Скопје.
С.А.Н