Забава // Занимливости
Срамота- па краде од сиромашни дечиња: Некој ги обил канцелариите на ДонирајКомпјутер
- 29 Август, 2023
Срамота- па краде од сиромашни дечиња: Некој ги обил канцелариите на ДонирајКомпјутер
Борче Стаменов на социјалните мрежи пишува дека некој ги обил канцелариите на ДонирајКомпјутер во Кавадарци и украл лаптопи.
„Украл 4-5 Леново лаптопа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120гб. Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на крадецот. Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете. Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота!“, пишува тој.
Тој постираше и фотографии од украдените модели.