Српски доктор ја потстрижил косата заради пациентот: „Зедов ножички и дојдов на визита со една цел“
фото: PRVA TV/PRINTSCREEN
Бројот на заболени од рак во последните 10 години е речиси двојно зголемен, а д-р Владимир Ковчин реши да им даде дополнителна поддршка на пациентите меѓу кои има сѐ повеќе млади луѓе. Ја потстрижа косата и дојде на визита.
Бројот на заболени од рак е речиси двојно зголемен во последните 10 години, а меѓу пациентите на онкологија има сѐ повеќе млади. Проф. Д-р Владимир Ковчин гостуваше во „Јутру“ на Прва и истакна дека поддршката од семејството, пријателите и лекарите е исклучително важна во текот на лекувањето. По тој повод еднаш решил да ја скрати косата.
„Стравот од непознатото е еден од најголемите стравови на луѓето, а се случува поддршката од најблиските да отсуствува. Меѓутоа, за тој процес на заздравување неопходна е поддршката од семејството, пријателите, дури и од лекарите. Се сеќавам, кога јас почнав со работа, колку е тешко, да речеме на млади пациенти, да им опадне косата, не знаев што да правам, земав и си ја истрижав косата и следниот ден дојдов на визита да им покажам дека тоа е глупост и дека косата ќе порасне, но важно е да се справат со болеста“, откри д-р Ковчин.
Лекарот откри и зошто се зголемува бројот на заболени од рак и како да се излезе на крај со најстрашната дијагноза. „Интересни се статистичките податоци каде што секоја година имаме меѓу 5 и 7 отсто повеќе новооткриени карциноми на годишно ниво. Тоа значи дека за некои 7-8 години го удвојуваме бројот на новооткриени карциноми. Има многу причини. Ракот е болест чии причини се непознати и кога имаме многу причини, тогаш е тешко да се погоди што сето тоа може да доведе до болест“, рече докторот и додаде:
„Често велам дека ракот е болест на модерното време, бидејќи пред 100 години ракот беше ретка болест. Меѓутоа, денес ракот е на второ место по смртност, зад кардиоваскуларните болести и се плашам дека наскоро ќе дојде на прво место. Има многу причини. Кога велам дека тоа е болест на модерното време, сето тоа дојде со индустријализацијата, со обидот да се произведе многу храна. Потоа, се префрливме на брза храна. Ако се сеќавате, нашите мајки и баби готвеа нешто свежо секој ден. Сепак, денес кога жените немаат доволно време да се посветат на готвењето поради работните и другите обврски, сите посегнуваат по некоја брза, конзервирана храна“, вели д-р Ковчин.
Извор: mondo.rs