Српско сценарио во Босна: Во Лукавац ученик (13) застрела наставник

Ученик рано утринава застрелал наставник во основно училиште во Лукавац. Тој е во тешка состојба, јавуваат локалните медиуми.

Исто така, повредениот чии иницијали се О.Н., моментално е во операционата сала каде лекарите се борат за неговиот живот.

Во престрелката што се случи утринава, тешко е повреден вработен во основното училиште Лукавац Град. Како што потврдија, пукањето го извршил малолетен ученик со иницијали Г.М (2008), кој бил приведен од полицијата.

Имено, утринава околу девет часот во основното училиште во Лукавац Град дошло до пукање во кое според првичните информации еден вработен е тешко повреден.


Како што официјално потврдија од УКЦ Тузла, поради прострелна рана во пределот на вратот хоспитализиран е пациентот О.Н.

Во моментов е во тек операција.

Оваа информација за Klix.ba ја потврди и градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ, посочувајќи дека пукањето го извршил ученик.

Како што им изјави Делиќ, тој бил ставен под полициска контрола и веднаш приведен во полициска станица.

Исто така, пронајдено е и оружјето со кое го извршил нападот.