Стана мултимилионер на лотарија и сега бара жена со која ќе може да ги троши парите

Маж кој неодамна доби нешто помалку од десет милиони евра на лотарија сега бара жена со која ќе може да ги потроши парите...

Курсат Јилдирим од Дортмунд во септември минатата година освои точно 9.927.511,60 евра и веднаш се фрли на шопинг. Одма си дал отказ во челичарницата каде работел и почнал френетично трошење, со над 400.000 дадени за Ferrari 488 Pista, но и речиси 300.000 за Porsche Turbo S кабриолет.

Купил и луксузен часовник и голем број фенси пијалоци, зошто да не? Сепак, иако на овој четириесет и едногодишен маж се чини дека сè му оди онака како што тој сака, сепак си бара жена со која ќе ги подели своите пари.

„Ве молам, кога ќе раскажувате за мене истакнете дека сè уште сум сингл“, изјави тој за германски „Билд“. „Може да биде русокоса или бринета, не ми е гајле. Сакам само да се заљубам. Барам жена која сака да патува и е подготвена да основа семејство со мене. Ми треба жена на која можам да и верувам што и да се случи“.

Овој таблоид веќе има поставено е-маил адреса за да можат потенцијалните партнерки да стапат во контакт, а како што можеме да претпоставиме, апликациите веројатно веќе се нумерирани во илјадници. Од друга страна, тој тврди дека е свесен дека има жени кои го гледаат како брзи пари и лесен живот.

Како што додаде: „Можам да се грижам за себе, па затоа презедов мерки на претпазливост“. Парите се во сигурни раце. Веднаш сите ви се пријатели, веднаш ви се јавуваат луѓе со кои не сте се слушнале со години и без двоумење бараат пари“. И покрај сето тоа, тој не жали што ја сподели својата радост поради големата победа преку социјалните мрежи.

Зборувајќи за своите планови за иднината, мултимилионерот рече: „Добрата работа е што можете да усреќите многу луѓе. Веднаш им префрлив пари на моите родители и браќа. Би сакал да одам во Африка, да финансирам копање бунари и да подготвувам подароци за децата. Луѓето ме отпишаа, ми рекоа дека ја завршив приказната, но јас се молев на Бога за можност да направам добри работи. Сега ќе можам да го сторам тоа“.