СТРАШНО! Непознат маж со маска на најпознатиот култен УБИЕЦ шета по улици

Каков шок!

Мајкл Мајерс беше вистински кошмар за бебиситерките кога филмот „Ноќ на вештерките“ се појави во 1978 година. Маскираниот убиец ги прогонува и убива жителите на измислениот град Хадонфилд на различни можни начини, а неговата целна група беа средношколци.

Џон Карпентер, филмски режисер и творец на Мајкл Мајерс, раскажа за една грозоморна средба со момче од ментална институција кое има „навистина злобен изглед“, што се случило додека тој бил на Универзитетот во Западен Кентаки.

Момчето билоинспирација за ликот на измислен сериски убиец, по што беа снимени дури четири продолженија на овој култен филм, во кој главната улога ја играше големата холивудска sвезда Џејми Ли Кертис.

Ноќта на вештерките, или како што ја нарекуваат Американците „Halloween“, се слави секој 31 октомври, а клучните моменти вклучуваат маскирање, собирање слатки од врата до врата и украсување тикви. Празникот го зафати светот и сега стана вистинска традиција кај младите.

Пред некое време, во еден дел од Белград, минувач забележал крајно необична глетка на автобуска станица. Непознат маж чекал автобус, шетал меѓу другите минувачи со маска слична на онаа што ја носел славниот Мајкл Мајерс!


Фотографиите направени на лице место покажуваат дека луѓето околу него не им било воопшто пријатни. Господинот ги шокираше сите со својот изглед и овој детаљ, а многумина се прашуваа дали оваа маска претставува заштита од корона вирусот во која сме во полн ек, или дали ова е само показател дека наближува 31 октомври или „Ноќта на вештерките“.


Фото: Profimedia/Srbijadanas

Можеби ќе ве интересира:

Светот ќе стане „НЕНАСЕЛИВ ПЕКОЛ“: Страшно предупредување од ООН „итно да реагираме“!