Светот ќе стане „НЕНАСЕЛИВ ПЕКОЛ“: Страшно предупредување од ООН „итно да реагираме“!
Во извештајот на ООН се наведува дека во последните 20
години се забележува неверојатен пораст на природните катастрофи и дека тоа е последица
на климатската криза.
Соодветно на тоа, ООН посочува дека светот ќе стане „ненаселив пекол“ за милиони луѓе ако проблемот не го решат властите.
Истражувачите само укажаа на неуспехот на политичките и деловните лидери да преземат значителни мерки за ублажување на влијанието на климатските промени. Според нив, пандемијата на коронавирус, која однесе повеќе од еден милион животи на глобално ниво и зарази најмалку 37 милиони во светот, го откри неуспехот на скоро сите нации да спречат бран на смрт и болести, и покрај постојаното повторување на предупредувањата од експертите.
Податоците покажуваат дека помеѓу 2000 и 2019 година имало 7.348 големи природни катастрофи, вклучувајќи земјотреси, цунами и урагани, кои одзедоа 1,23 милиони животи и погодија 4,2 милијарди луѓе, што резултираше во глобални економски загуби од 2, 97 трилиони долари.
Како што беше истакнато, тоа е скоро двојно повеќе од 4.212 катастрофи што беа забележани од 1980 до 1999 година.
Огромното мнозинство од овие катастрофи беше поврзано со климата, а истражувачите објавија голем број поплави, бури, суши, топлотни бранови, урагани и шумски пожари во последните 20 години и дека тие значително се зголемија во тој период.
Наглиот пораст на овие катастрофи е поврзан со зголемувањето на глобалните температури за кои научниците велат дека ја зголемуваат фреквенцијата на екстремни временски непогоди.
"Збунувачки е што свесно продолжуваме да сееме семе на сопствено уништување. Всушност, сè е во начинот на управување, ако сакаме да ја спасиме оваа планета од злото на сиромаштијата, понатамошно губење на видовите и биодиверзитетот и најлошите последици од глобалното затоплување, треба да го смениме начинот на управување", соопшти ООН.
Фото: TANJUG/AP PHOTO/NIKIFOROS STAMENIS
Можеби ќе ве интересира:
Наиде на импресивна глетка во шумата: Фотографијата стана виралнаТајната порака на банкнотата: Теоретичарите на заговор откриле застрашувачки детали (ФОТО)