Свекрвата ја нарекувала - грда, стара вештерка од 30 години: Ајнштајн ѝ поставил неверојатни правила на однесување, но Милева по години тортура се развела од него!

Мајката на Алберт Ајнштајн била очајна кога се оженил со Милева Мариќ. Според нејзиното мислење, таа била „грда, шепава и стара вештерка од триесет години“.
Сепак, Алберт се вљубил во нејзиниот интелект и ја оженил, игнорирајќи ги предупредувањата на семејството.
Милева била една од првите жени што студирале физика на Политехничкиот институт во Цирих, каде се запознала со Ајнштајн. Тој ја нарекувал „мала научничка“ и заедно пишувале научни идеи, додека нивната љубов се развивала преку писма. Во 1901 година, Милева родила ќерка Лизерл, чија судбина останува нејасна.
По венчавката, Милева морала да се справува со домашните обврски и одгледувањето на децата, додека Ајнштајн се посветил на работата. Подоцна, тој ѝ дал писмен список со услови: да го слугува три пати дневно, да му одржува чиста облека и просторија, да не зборува без дозвола и да се откаже од интимност. Милева првично прифатила, но со текот на времето го напуштила, преселувајќи се во Цирих со синовите.