Светска банка со предвидување: Кина со супериорна економија
И покрај коронавирусот, оваа земја супериорно се наметнува над светот
Кинеската економија ќе расте посилна отколку што се очекуваше оваа година, а во 2022 година активностите ќе забават , што означува враќање на долгорочниот тренд пред пандемијата, предвидува Светска банка.
Активностите во азискиот гигант годинава се очекува да пораснат за 8,5 проценти, пресмета Светска банка, зголемувајќи ја сегашната проценка за 0,4 процентни поени.
Кинеската влада е попретпазлива во предвидувањата, истакнувајќи го растот со стапка „над шест проценти” за оваа година.
Во 2022 година, според проценките на Светска банка, растот ќе забави на 5,4 проценти, што ќе означи враќање на долгорочниот тренд на пандемијата.
Довербата на потрошувачите и на компаниите во последно време постојано се подобрува, што значи дека може да се очекуваат подобри услови на пазарот на труд и раст на домашната побарувачка, се вели во извештајот на СБ објавен денеска.
Кинескиот извоз исто така треба да забележи добри резултати во наредниот период.
Кина беше единствената во групата на големи економии што забележа раст на активностите во пандемијата во 2020 година. паг/
Пекинг, 29 јуни 2021 (МИА)