Тајна скриена во и околу македонското море

Охридското Езеро е вистинско чудо на природата. Крие повеќе од 200 ендемични видови растенија и животни како алги, зоопланктон, риби, полжави и црви, поради што некои го нарекуваат европски Галапагос.

Експертите претпоставуваат дека езерото настанало пред четири милиони години (се проценува дека е старо од 4 до 10 милиони години) и дека во своите длабочини крие видови кои одамна исчезнале во другите делови на светот.

Не е чудно што се смета за едно од најголемите биолошки резервати во Европа, најстаро е на овој континент и познато е дека УНЕСКО го заштити во 1980 година и го стави на листата на светско наследство. За жал, денес веќе претендира да биде на листата на загрозено светско куктурно населедство.

Охридското Езеро се наоѓа во длабока долина меѓу Македонија и Албанија на надморска височина од 693 метри. Долго е 30,8 километри, а најголемата длабочина е 289 метри.

На исток е затворено со планината Галичица, а на запад со Јабланица. На неговите брегови се наоѓаат македонските градови Охрид и Струга, како и Поградец во Албанија.

Поради својата исклучително сина боја, топлата вода и површина од дури 358 квадратни километри, се нарекува и македонско слатководно море. Популарна дестинација за пливање и риболов, а дали знаете дека доколку се нурнете во одреден дел на езерото, може да најдете и археолошки остатоци стари околу 3.000 години. Тоа не треба да ве чуди со оглед на фактот дека многу пред нас го населувале брегот на езерото. До сега, направени се неколку подводни истражувања и најдени се многу аретефакти кои сведочат за животот во одреден период или епоха.

Оваа област била населена уште во 1.200 п.н.е., за што сведочи музејот на водат на Заливот на коските. Името го доби по бројните животински фосили кои се наоѓаат на дното на реконструирана праисториска населба на вода, каде што се изложени артефакти на поранешни жители на овој крај.

Само во поширокиот регион на Охрид има над 250 археолошки локалитети од неолитскиот период, преку антиката па сè до доцниот среден век, потоа, повеќе од 50 цркви и манастири, од 5 до 19 век, тврдини со бедеми во должина од над 3.000 метри, околу 60 објекти од старата градска архитектура и повеќе од 2.500 метри квадратни средновековни фрески и околу 1.000 метри квадратни подни мозаици. Движното културно наследство е застапено со повеќе од 2.000 икони од периодот од 11 до 19 век, 119 грчки и словенски ракописи, пишувани на пергамент и хартија, 39 глаголски епиграфски споменици, околу 1.500 ретки и старопечатени книги, како и повеќе илјади други музејски предмети-археолошки, нумизматички, етнолошки, историски документи и дела од современата уметност.

Секако, тука е и охридскиот бисер за кој тајната на изработување ја чуваат две семејства- Талеви и Филеви.

Да не зборуваме и за 365 цркви, за секој ден во годината, а посебно Самоиловата тврдина и она што се крие под неа, а до сега не е ископано.

Многу легенди и преданија говорат дека таму се крие огромна количина на злато и богатство од големи размери, но самата област е густо населена, има изградено многу објекти и тешко е да се изведе било каков голем зафат...

Фото. Википедија, Dive buddies 4 life, НУ ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ - ОХРИД