Тажна вест: Почина Лазар Лечиќ, најголемата македонска кошаркарска легенда

Најголемата македонска кошаркарска легенда Лазар Лечиќ почина на 85-годишна возраст синоќа во Скопје.

Кошаркарскиот експерт ги постави темелите на кошарката од осамостојувањето на Македонија, а претходно беше дел од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула.

Како поранешен играч на Работнички, неколку пати беше тренер на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб во 60-титеи 70-тите година, а како стручњак работеше и надвор во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, Арис. 

Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.

Погребот на Лечиќ ќе биде утре 14. август на гробиштата Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.