Забава // Занимливости
Терапијата на Доктор Магаре: Ослободување од стрес и депресивност од коронавирусот
- 05 Ноември, 2020
Сопственикот на фарма за магариња во Хуелва, на југот на Шпанија, ги ставил животните на располагање на здравствените работници со цел да го ослободат стресот за време на борбата против ширењето на коронавирусот со помош на проектот „Доктор Буро“ или доктор Магаре.
Посетителите имаат можност да шетаат, милуваат и хранат магариња, сите без претходно закажување и плаќање.
Оваа релаксациона терапија во шумите во близина на Хуелва е наменета за сите здравствени работници, но и за персоналот од болниците, за да можат да се релаксираат за време на пандемијата.
Терапијата на д-р Магаре се користела порано за да им помогне на различни групи на пациенти.