Тие се најбогатите луѓе во светот: Нема да остават ни денар на своите деца
Со богатство од милиони, па дури и милијарди долари, многу sвезди одлучија да ги дадат своите пари во добротворни цели откако ќе умрат, пренесува Инсајдер.
Некои од нив велат дека не сакаат да им го уништат животот на своите деца оставајќи им толку многу пари и дека е подобро да им дадат на оние на кои им треба.
Бил и Мелинда Гејтс, Мајкл Блумберг, Тед Тарнер и Ворен Бафет потпишаа „Завет на добродетели“, што значи дека ветија дека ќе го донираат поголемиот дел од своето богатство, во добротворни цели.
Бил Гејтс, кој вреди 108 милијарди долари според „Форбс“, вети дека најголемиот дел од своето богатство ќе го даде во добротворни цели и ги охрабрува славните и екстремно богатите луѓе да донираат поголем дел од своите пари во добротворни цели.
Гејтс е познат по тоа што не ги разгалува своите деца. Бил во една пригода рече: „Не е услуга да се остави огромно богатство на децата. Тоа уништува сè што можат да направат сами, создавајќи свој пат“.
Сепак, тој не е единствен што презеде ваков чекор.
Џеки Чен планира да донира барем половина од своето богатство во добротворни цели. Тој планира да го донира своето богатство од 370 милиони долари.
Објасни и зошто не сака да го остави своето богатство на својот син: "Ако е способен, може сам да заработи пари. Ако не е, тогаш само ќе ги потроши моите пари".
Елтон Џон рече дека не сака да го уништи животот на своите деца оставајќи им го целото богатство. Тој отсекогаш бил исклучително хуман, и планира така да остане и по неговата смрт. Тој ја основаше Фондацијата „Елтон Џон СИДА“ во 1992 година и оттогаш собра 400 милиони долари.
Тој има две деца со сопругот Дејвид Фурниш, но, тие нема да го наследат неговото богатство.
Ештон Качер и Мила Кунис планираат поголем дел од своите пари да донираат по смртта.
Заедно тие имаат околу 265 милиони долари и планираат да донираат сè, наместо да им остават на своите деца.
Во една прилика Качер рече: „Јас нема да направам фонд за моите деца. Ќе ги донираме сите пари во добротворни цели“.
Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук, исто така, ќе ги даде своите пари во добротворни цели.
Во објава на Фејсбук во 2015 година, Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан објавија дека нема да им го остават своето богатство од 82,6 милијарди американски долари на нивните ќерки, и ќе донираат 99% од истото.
Оваа објава беше упатена до нивните ќерки и беше напишано: „Ние сакаме да пораснете во подобар свет од нашиот. Ќе дадеме се од себе да го направиме тоа можно, не само затоа што ве сакаме, туку и затоа што имаме морална одговорност да кон сите идни генерации “.
Сајмон Кауел планира да ги остави сите свои пари на организации кои поддржуваат деца и кучиња.
Поранешниот судија на шоуто „Американски идол“, познат по својата строгост, ќе биде исто толку строг кон неговиот син. Во едно интервју, Сајмон рече: „Не верувам во предавање на богатството од генерација на генерација“.
Кирк Даглас го донираше најголемиот дел од своето богатство, 61 милиони долари, во добротворни цели.
Ниту едно од неговите деца, вклучувајќи го и актерот Мајкл Даглас, не доби ништо. Сепак, не е дека на Мајкл му треба, затоа што тој поседува околу 300 милиони долари.