Тиктокер од Балканот го разбесни Интернетот: Фрлал пари низ прозорецот, сите го остро го осудија (ВИДЕО)

„Сега ќе фрлам пари низ прозорецот за да видам како реагираат луѓето и дали некој ќе ги најде“

Пред неколку месеци корисници на Твитер во соседна Србија масовно во неверување споделуваа видео кое разбесни многумина. Станува збор за добро познат млад тиктокер, кој ги забавувал своите следбеници со несоодветен социјален експеримент.

„Ќе фрлам пари низ прозорецот за да видам како ќе реагираат луѓето и дали некој ќе го најде“, вели тој на почетокот на видеото додека во раката држи банкноти од 500 (околу 250 денари) и 1.000 (околу 500 денари)динари, а потоа фрла неколку од нив на улица.

„Помина еден чичко, стигна пензијата, го боли к**от за две, три илјади! Лесна приказна, газиме на пари!“, се слуша Тиктокерот на видеото за кое твитерџиите жестоко го критикуваа: „Ароганција“ „Дијагноза“, „Да ги заработил тешко, немаше да ги фрла“, „Па кога веќе има вишок, подобро да ги дадете на некој што навистина му требаат, отколку вака да ги фрла, пари обично наоѓаат оние кои имаат доволно“, напишаа корисниците.

Имаше и такви кои не видоа ништо претерано контроверзно во однесувањето на младиот човек.

„Не разбирам зошто има толку изливи на гнев, во ред, момчето е арогантно, фрлило околу 2.500 (1250 денари)динари низ прозорецот. Освен што ја покажа својата ароганција, грубост и презир кон парите, никому не му наштети. На бабата која ги нашла парите не и направи лошо, напротив, ѝ направи услуга“, „Зависи... ако е социјален експеримент, тогаш е ок...“, гласат дел од коментарите.

Погледнете го клипот:


Фото и Видео: Твитер