Тито и Софија Лорен: Каде се сретнаа тајно и што мислеше Јованка за тоа?!
Тајната, долга скоро шест децении, ја откри Ненад Вуковиќ, кој пред неколку години ги купи лозовите насади на Тито и зборуваше за емоциите на познатата италијанска актерка што ги негувала кон покојниот Маршал.
- Слушнав разни приказни, но факт е дека Тито беше домаќин на Софија Лорен тука во Грочка. Тој беше голем заводник и хедонист - рече Вуковиќ и откри дека тогашната прва дама на државата воопшто не ја сакала актерката.
- Јованка беше љубоморна кога Софија дојде од Италија во Србија со нејзиниот пријател Тито. Бев и јас присутен на тие средби. Постојат записи за нејзините посети и таму се вели дека сакала пилешко и бајадера, а Тито беше познат како љубител на грозје - зборовите на Ненад ги потврдува Драган О., кој некогаш му служел на Тито.
Освен што истакна колку е чесно да се работи за тогашниот претседател, Драган се сеќава и на посетите на Софија во тоа време.
- Тогаш бев млад. Ми беше голема чест да работам за претседател. Се сеќавам кога дојде Софија. Таа беше вљубена во него. Цело време и сјаеа очите и не го испушташе Тито од вид. Често го прегрнуваше и беше постојано насмеана. Беше убава, сите се вртеа кон неа - истакнува поранешниот вработен на Тито, но исто така наведува дека Тито тогаш гледал само кон неговата Јованка.
- Ја сакаше Јованка, а Софија го сакаше него. Софија се појави на манифестациите за Тито во јавноста и тајно, но кога и како, вие проценете сами - рече Драган.
Нада Будисављевиќ, сестра на Јованка Броз, откри во книгата на Жарко Јокановиќ „Мојата сестра Јованка Броз“ дека Софија Лорен поминала 15 дена сама со Тито.