Тој беше мој сопруг и љубовта на мојот живот, додека не ме отру во бременоста“: Ми го уништи семејството

Животот на оваа жена целосно се превртел кога дознала која е личноста што ја сакала повеќе од 10 години

Љубовта вади од нас некои од најубавите гестови и показатели на нежност.

Цвеќиња, зготвена вечера, романтична прошетка или појадок во кревет изгледаат како прекрасни начини да ги покажете вашите чувства на партнерот, освен во случајот со Кетрин Херинг. Тој фамозен „појадок во кревет“ можеше да биде кобен за неа и нејзиното неродено дете.

Кетрин Херинг беше во брак со Мејсон повеќе од една деценија. Но, се испоставило дека човекот со кој таа имала две деца и трето по пат, воопшто не бил онаков каков што се претставувал.


Пред две години открила многу интимна порака меѓу него и негова колешка. Таа не можеше да му го прости тоа и беше одлучено Мејсон да се исели од заедничката куќа.

Иако ова требаше да биде крај на нивната врска, работите се променија откако Кетрин објави дека е бремена по трет пат. И покрај тоа што на почетокот бил чудно обземен од вестите, неговиот ум наеднаш се променил и ја молел да помине време во нивната куќа со децата.

Во надеж дека љубовта ќе се обнови, Кетрин го вратила назад. Се чинеше дека тоа е добра одлука и нивниот брак „оздравил“ со брзина на светлината. И тогаш Мејсон инсистирал да ѝ направи појадок во кревет пред да оди на работа. Наместо раскошен оброк, на послужавникот ја чекал бисквит и чаша вода. Во случај да се прашувате, кетерингот не беше на ниво.

Имено, водата била заматена, што било првото нешто што Кетрин го забележала и знаела дека нешто е истурено во неа. Кога Мејсон почнал да ја брза да пие и да јаде од „појадокот“ и станувал сè побесен додека го правел тоа, ѝ било јасно дека водата е отровна. Таа ја испила, а кога тој отишол на работа имала силни стомачни болки и вагинално крварење.ќ


Плашејќи се дека ќе се случи најлошото, итно била пренесена во болница, каде истите симптоми траеле неколку дена.

Кетрин се надеваше дека не е во право и се обиде да верува дека човекот што некогаш го сакаше е личност која никогаш нема да и наштети.

- Само очајно сакав погрешно да проценам. Сакав да има друго објаснување, бидејќи ова е сопругот што го сакав и со кој имам деца – наведува таа, пренесува „The Sun“.

Таа инстинктивно знаеше дека е во право, па дури и почна да собира докази против нејзиниот поранешен сопружник - според судските документи. Како што поминуваа неделите, таа собираше примероци од пијалоците што Мејсон ги правеше за неа. Кога Мејсон конечно поднел барање за развод, Кетрин ги предала течностите што ги собрала на приватен детектив.

Подоцна заклучиле дека пијалоците биле преполни со мизопростол, хемикалија која редовно се користи за да предизвика абортус. Откако во ѓубре открила отворени пакувања со лек кој се користи за спречување на чир на желудникот со оваа состојка, таа решила да му постави последна стапица на својот сопруг.

Имајќи скриени камери во нејзиниот дом, Кетрин во ужас гледа како Мејсон го раствора прашокот во сок од брусница, кој подоцна и го дал.

Таа ги предала доказите на полицијата и требало помалку од еден месец Мејсон да биде уапсен.

Тој подоцна ја призна вината и беше осуден на 180 дена затвор. Нему му е забрането да има контакт со својата најмлада ќерка, која се родила по неговото апсење.

Девојчето има проблеми во развојот и користи цевка за хранење.


Кетрин тврди дека и нанел голема болка на нејзиното семејство и дека казната е многу мала за вакво нешто.

- Не верувам дека 180 дена се правда за обид за убиство на дете, седум пати. Две години мојот сопруг отворено го негираше овој напад и денеска сум благодарна што конечно ја призна вината – раскажува Кетрин пред судот.

Извор: телеграф.рс

Foto: Instagram/Catherine Herring