Тој беше најголем поет меѓу музичарите: 21 цитат од легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ
Ѓорѓе Балашевиќ ги отпеа едни од најубавите текстови на сите времиња. Неговите песни и денес предизвикуваат емоции кога ќе се слушнат. Ѓорге важеше за најголем поет меѓу музичарите, аа неговите цитати и денес се спомуваат, еве дел од нив:
1. „Ти секогаш ги знаеш најубавите зборови, ти дури и молчиш повеќе од сите. Ти имаш насмевка која сè лекува, ти од пцости правиш стих.“
2. „И ако уште има што да се опрости ете и тоа ноќеска ти го простувам.“
3. „Ти би можела да бидеш сосема задоволна од начинот на кој ми недостигаш.“
4. „Можеби сум заљубен. И да сум, не можам да ѝ кажам. Знам, би рекла: Ти ја имаше својата шанса.“
5. „Остана една книга со неколку непрочитани страници и некои предметчиња од херенди порцелан и еден џемпер кој ти го носеше.“
6. „Беше некој кој не знае да остане. И не остана, никогаш. А ја сакав. И таа мене ме сакаше. Сите тоа го знаеја, освен ние.“
7. „Сега оди само со својата насмевка и се смее погласно од никогаш претходно. Пријателе, изгледа дека си ја изгубил.“
8. „Ја чувам, сигурна е, а повторно ѝ давам малку слобода, а многу љубов и разбирање. Знаеш, еден ден би сакал моето дете да ја вика мама.“
9. „Не можам да бидам тука за неа, а секогаш ќе очекувам таа да биде тука за мене. Не можам кога ќе ѝ биде најтешко да дојдам и прегрнам, иако знам дека таа би го направила тоа.“
10. „Јас и понатаму го чекам твојот повик. Порака. Извинување. Нешто што ќе нè спои повторно.“
11. „Еден ден ќе застанете некаде на сред некоја добро позната улица, ќе погледнете во небо и ќе разберете зошто сè баш така се случило. Длабоко ќе го вдахнете новиот живот и со храбри чекори ќе продолжите понатаму и најпосле ќе сфатите дека животот е премногу краток да бидете несреќни.“
12. „Такви се, знаете, чувствителните особи. Чувствуваат дупло, слушаат порано. Бидејќи точно еден чекор пред нив оди нивната душа.“
13. „Така тоа оди: најпрво некому нешто простуваш, а потоа си простуваш себеси што си му опростил.“
14. „Од накит носеше само очи.“
15. „Никогаш не ја изневерив, ја насмеав за три животи ѝ поклонив ланче со мала златна гитара. Но, не ја сакав, нека ми прости Бог. А, сепак зборуваше дека јас сум нејзино сè.“
16. „И нека небото не ми земе за зло, но ти си единствено нешто во кое се молам.“
17. „Кој има среќа во картите, нема во љубовта. Да, а кој нема среќа во љубовта, нема во ништо.“
18. „И не го сакам принципот “памти-па врати“, тоа би ми го извалкало образот. Нема подобра победа од погледот во нечии очи без грижа на совеста и знаејќи дека таа особа сопственото срце од срам ќе го издаде.“
19. „Ми го кршиш срцето како багремов стап, онака попатно.“
20. „Би можел едноставно да ја опишам како тивка и разумна особа полна со разбирање, но рака на срце тоа би бил потполно погрешен опис.“
21. „Има многу луѓе кои од мене повеќе заработувале, но нема многу кои од мене повеќе потрошиле.“