Тој не постои, а е еден од највлијателните со години во Македонија: Како него има и други во светот

Веќе се направени стотици списоци со највлијателни луѓе што некогаш живееле, спортисти, актери, политичари ... Но, оваа листа е нешто поразлична, бидејќи ги носи најважните луѓе кои никогаш не живееле!

Дедо Мраз

Кое дете не се радува на Дедо Мраз кога ќе слезе низ оџакот и му донесе подароци за Божиќ? Ликот на убав дедо кој живее во Лапланд сепак ги воодушевува децата, а сеприсутната Кока Кола има големи заслуги за неговата популаризација. Овој лик никогаш не постоел.

Барбика

Барби премина од млада жена која може да биде пример за децата, па се‘ до да се запрашаме, еј, која е всушност Барбика? Таа денес ги диктира сите можни стилови (не знаеме ни колку различни улоги има Барби), а во еден момент дури и се разведе од својот сакан Кен ( машка верзија на барбика)

Робин Худ

Ова отвора можност за дебата дали Робин Худ постои или не, но овој лик од Шервуд Форест е херој на малите луѓе. Неговата идеја да земе од богатите за да им дава на сиромашните и да ги изедначи социјалните неправди е позитивна, па така Робин Худ и денес се споменува како борец за правда.

Марлборо маж

Малкумина знаат како Марлборо првично се продаваше и рекламираше како цигара за жени. Но, кога култниот каубој излезе на сцена за рекламирање, мажите започнаа масовно да пушат Марлборо. Оваа маркетинг кампања се смета за една од најдобрите направени досега.

Дадал и Икар

Денес, за неколку часа можете да летате од едниот крај на планетата до другиот. Но, се поставува прашањето кој и кога би се сетил на тоа дури и да не беа овие митски летачи, Дадал и Икар. Иако летот на Икар не заврши среќно, тој подоцна мотивираше многумина да започнат да размислуваат за оваа идеја.

Шерлок Холмс

Создаден од перото на Артур Конан Дојл, Шерлок е детектив за кого нема нерешлив случај. Неговата популарност расте и расте со текот на годините, а кога некој ќе спомне детективи, секогаш се сеќава на него. Повторно стана актуелен во последниве години, благодарение на сериите и филмовите со Роберт Дауни Џуниор.

Големиот Брат

Визијата за иднината во која секој наш чекор ќе биде видлив и внимателно следен беше презентиран од англискиот писател Џорџ Орвел во своето дело во 1984 година. Името на Големиот брат секогаш се споменува кога се донесува закон со кој се намалува слободата на луѓето, така што често знае да се каже: Ве гледа Големиот брат.

Ромео и Јулија

Вљубените „гулаби“ на Шекспир од Верона, кои на крајот завршуваат трагично поради несогласувањата на нивните семејства, сепак се една од најубавите љубовни приказни кои инспирираат многумина. Направени се различни филмови, напишани се многу книги, но кога некој сака да истакне голема љeубов, секогаш се споменуваат имињата на Ромео и Јулија.

Итар Пејо 

Еден од најпознатите ликови во македонските народни приказни, кој е многу омилен меѓу младите читатели. Итар Пејо, некаде познат и како Итроман Пејо или Итар Пејо - Мариоец е обичен сиромашен македонски селанец од Мариово кој се одликува со извонредна итрина, снаодливост и воедно е претставник на македонската шегобијна мудрост. Во приказните за него тој секогаш на итар начин им се оддолжува на тие што сакаат да му наштетат (обично турските големци), а неговите постапки често изнудуваат смеа и почит кај читателите. Нема историски потврди за неговото постоење и веројатно се појавил како противтежа на османлискиот итроманец и шегаџија Насредин Оџа во духовниот отпор на македонскиот народ против османлиското угнетување. Според некои кажувања, личноста Итар Пејо навистина постоела и била од мариовското село Градешница. Итар Пејо често ги насамарува и лакомите селски попови.

Главна слика: Принтскрин Youtube- The Village of Zovik & MOVIE BRIDGE THERE | MARIOVO REGION; Википедија