Тони Цетински со години му пишува на Тоше: Драг мој брату...
Хрватскиот пејач Тони Цетински секоја година во пресрет на роденденот на нашата музичка легенда Тоше Проески објавува емотивни статуси: Така и оваа, и претходната, и годината пред неа...
„13 долги години. Утре некаде во ова време не напушти физички, но само физички брате мој. Не можам да верувам колку и денеска ми недоставуваш и колку се уште ни е тешко што прерано си замина.Животот навистина не е фер. Ме прашуваш каде сум и што правам? Плачам, да плачам.....На пат секако и одвратно врне, но твојата насмевка е надеж. Ќе биде се добро додека те имаме тебе кој не чува со своето присуство, песни, и сите добри и племенити работи кои и ги остави на оваа планета. Ти си ангелот на добрината. Знам дека не чуваш како што и ти мора да знаеш дека си секогаш во нашите молитви. Те сака твојот брат“, напиша тажниот Тони Цетински.
Во 2018 Тони напиша: „Среќен 37 роденден, драг мој брату“.
Во 2019 со многу емотивен стаус излезе во јавноста:
- Секоја година тој ден доаѓа кај нас, тоа утро како нешто што не сакаме да го знаеме, слушаме или сомневаме, но сепак доаѓа немилосрдно и нè потсетува колку сме кревки и како никогаш не знаеме што носи следниот ден.
Многу е тешко, веќе дванаесетта година, да прифатите дека не e тука. Нашата единствена надеж е дека бил и останува доказ дека ангелите во човечка форма постојат и секогаш остануваат тука покрај нас.
Јас секогаш сакам да кажувам и да повторувам дека си бил навистина посебен. Благодарение на тебе, твоето однесување, скромност, дела, сигурен сум дека ангелите се тука со нас и во човечка форма. Ти беше од оние луѓе кои ја враќаат вербата во човештвото, во ангелите што шетаат по земјата.
Можеше да бидеш многу повеќе на земјата, но ќе надоместиме штом ќе се сретнеме во вселената.
Драг Тоше, те сакаме до последен здив. Засекогаш мојот брат - напиша Тони во емотивен пост.