Траги од едно време: Македонци со уникатни шари по телото
Нивната кожа изобилува со релјефни мотиви. Имаат уникатни "вдлабени" спомени на себе..
Тетовирањето е древна техника на исцртување и боење на кожата со трајно внесување на бои и мастило со помош на игли. Денес е толку распространето, што ретко кој не е тетовиран, и мажи и жени.
Трендот го возобновија светските трендсетери, некои од естетски други од бунтовни побуди. А има многу причини кои создаватаат потреба да се нацрта нешто на телото. Најчесто се тоа лични, ритуални, општествени и уметнички.
Стиловите на тетовирање не се најдобро дефинирани, бидејќи многу од мотивите се испреплетуваат, а и желбите се различни. Во секој случај, оваа техника изобилува со безброј можности кои за оние што сакаат, ќе им даде белег скоро за секогаш. Постојат поделби околу тетовирањето на целото тело или на одделни делови. Некои осудуваат, други се восхитуваат. Но, секој со својата замисла и начин на живот.
И кај нас се забележува драстичен пораст на тетовирани лица. Има секакви тетоважи, а најинтересни се оние релјефните во боја. Еве како тоа изгледа на некои наши обожаватели на тетоважи :
Небојша Пешевски
Тој е еден од најпознатите шминкери кај нас. Игра танго, планинари, лета со параглајдер, вози мотор и се што е поврзано со спортска авантура. Неговите тетоважи се вистинска уметност.
Емилија Пендева
Таа е можеби најпозната мајсторка за тетовирање кај нас и пошироко. Нејзината уметничка страна создава фантастични тетоважи, а на неа има релјефни ремек дела. Пендева планинари и е голем љубител на животните.
Мартин Мила
Пејачот подолго време е на Малта, но го знаеме и по неговите песни и по неговите тетоважи распоредени по целото тело. На неговата кожа се забележуваат сликовити прикази, различни инспирации и уметност.
Небојша Толески