ТРЕТМАН НА ИТНИ НЕВРОХИРУРШКИ БОЛЕСТИ И СОСТОЈБИ

Заболувањата од областа на неврохирургија имаат потреба од најбрз можен одговор. Во оваа група болести спаѓаат: мозочните крвавења, тумори, повредите на глава, повредите на грб, бессознание од нејасна причина и ред други. Медицинска нега при истите состојби мора да се спроведе во најбрз можен рок. Многу често исходот од третманот зависи од времето на давање на медицинската помош.

Одделот за неврохирургија во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ е предводен од еминентни неврохирурзи кои ги изведуваат и најсложените неврохируршки интервенции од областа на неврохирургијата со најсовремени методи според светски стандарди. Интервенциите се водени со невромониторинг, процедура што му нуди безбедност на пациентот, без можност за компликација и повреда на нервното ткиво. 

„Нервното ткиво е многу осетливо на нагли промени, како што се недостатокот на кислород и гликоза. Притоа доаѓа до негово оштетување, кое во поголем број од случаите е трајно. Нервните клетки, за разлика од повеќето други, немаат способност за повторно обновување и регенерација. Нивното оштетување најчесто резултира со трајни и неповратни инвалидитети, дури и смртен исход.  Поради тоа, целта на лекувањето е да се спречи дополнителната траума на мозокот, уште на самиот почеток на болеста. Тоа е единствен начин за зачувување на неговата функција. Брзото дејствување значи навремено отстранување на причината, која придонесува за секундарна повреда на мозочните структури. Имајќи го ова предвид, високоразвиените земји постојано се стремат кон обезбедување на брза интервенција и брзо реагирање во ургентните центри“, велат од Одделот за неврохирургија.

Во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ функционира ургентниот центар кoj е опремен според најсовремени медицински стандарди и нуди здравствена услуга во секое време (24/7), во чии рамки функционира и итната неврохируршка служба, обезбедувајќи неврохируршка грижа кај критично болни пациенти. Условите дозволуваат веднаш да се спроведат сите потребни иследувања (KT, МРИ & ангиографија) и да се изведат итно сите неврохируршки зафати. На овој начин, пациентите може да добијат здравствена грижа во насока на најсовремените медицински протоколи.

Одделот за неврохирургија нуди дијагноза и третман на сите болести на мозокот кај возрасни пациенти и деца. На овој оддел се третираат дегенеративни нарушувања на ‘рбетот (дискус хернија, ‘рбетни стенози, ‘рбетна нестабилност, спондилолистеза), тумори на ‘рбет, васкуларни болести на мозокот (аневризми, AVM), повреди на главата, интракранијални хематоми, васкуларни болести на ‘рбетот, тумори на мозокот, хидроцефалус и компликации на премостување, тумори на хипофиза, функционална неврохирургија (епилепсија-болка), периферни нерви (повреди, тумори, компресија), интраорбитални тумори. Искусниот тим од неврохирурзи успешно ги третира состојбите поврзани со неуспешен оперативен третман на болката во пределот на грбот.

ПР Објава