Три најлесни начини како да заштедите пари
Ако ви се чини дека трошите пари како луди и никако не можете да заштедите ниту минимална сума на пари, тогаш ние имаме неколку совети за вас.
Иако, сакаме да
трошиме и постојано да купуваме нови работи, сите сакаме да заштедиме поголема
сума на пари, која подоцна ќе ја искористиме за купување на нов автомобил или
за некое прекуокеанско патување. Меѓутоа, штедењето често знае да значи само
мисловна именка за мнгоу, бидејќи за некои тоа е вистинска невозможна мисија.
Затоа одлучивме да ви дадеме неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедете пари и тоа на многу лесен и едноставен начин.
1. Прв метод
Овој метод од вас бара да зачувате одредена сума на пари, секоја недела и дури после една година, односно 52 недели да имате вистинска заштеда. Поенатата е да после првата недела одвоите 5 евра и секоја наредна недела да ја зголемувате заштедата за плус 5 евра. Тоа значи дека првата недела ќе тргнете настрана 5 евра, другата 10, а по 50 недели 260 евра.
Секако за многу од нас, одвојувањето на 20 евра ќе биде неверојатно големо, но поентата е да се обидете да достигнете максимумот кој ќе можете да го одвојувате секој месец. Ако добро се водите по овој метод, за 1 година може да заштедите 6.890 евра, што се доволно пари за да купите пристоен автомобил.
2. Втор метод
Овој метод е исто така успешен, кога станува збор за штедење. Поентата е после секое купување да одвоите уште 10% пари, кои ќе ги тргнете настрана. Па, ако купите панталони од 30 евра, уште 3 евра ќе ги ставите на тајното место. Ваквиот начин на штедење се покажа како многу добар, бидејќи нема да почувствувате дека одвојувате голема количина напари, а сепак ќе успеете да заштедите.
3. Трет метод
Третиот метод е замислен да биде како еден вид парична казна, со која ќе се казнувате и на тој начин ќе извлечете некоја корист. На пример, ако задоцнете на работа, казнете се така што 5 евра ќе одвоите на страна за штедење. Исто така, ако се казнувате секогаш кога ќе задоцните некаде или ако ја прескокнете теретаната и ќе видите на крајот дека имате добра заштеда.