Турчин со 1.000 жени бил водач на озлогласен култ кој мамел девојки: Сведочењата на жртвите се ужасни
ажите и жените кои биле членови на култот на познатиот турски телевизиски проповедник Аднан Октар зборувале за злоставувањето што го претрпеле пред 64-годишникот да биде уапсен во 2018 година.
Октар беше осуден на 1.045 години затвор за низа обвиненија, меѓу кои силување, злоупотреба на деца, шпионажа и уцена. Тој ги отфрли сите обвиненија и се очекува да поднесе жалба на пресудата.
На врвот на својата озлогласеност, овој проповедник, кој го користел и псевдонимот Харун Јахја, честопати ги емитувал своите проповеди опкружен со скудно облечени жени. Тој објави и серија книги кои го промовираат креационизмот и ја оспоруваат Дарвиновата теорија за еволуција, пренесува „Дејли мејл“.
Неодамна неколку жени, кои Октар ги нарекуваше „мачки“, но и мажи, на кои им го дал прекарот „лавови“, проговорија за ужасното искуство низ кое поминале во текот на животот со него.
Една од жените истакна дека сексуално ја злоставувал кога имала 16 години, а четири години подоцна ја принудил да направи ринопластика, но без општа анестезија. Таа истакнува дека поради операцијата се уште е трауматизирана. „Се уште се сеќавам на чеканот. Броев колку пати ме удираа со чеканот по носот“, рече таа.
Седа Исилдар откри дека се приклучила на групата во 80-тите години на минатиот век, кога имала само 15 години, преку соученички. Таа сега има 50 години, а групата која немаше официјално име ја спореди со токсична врска. Таа откри и дека Октар ја принудил да се омажи за него во времето кога тој имал 30 години, а таа се уште била тинејџерка. По осум години заедништво, Седа успеала да побегне и се преселила во Канада, каде живее и денес.
Друга жена, Озгул, се приклучила на групата во 2006 година, кога имала 24 години, и била една од најистакнатите членови до нејзиното заминување, поднесувајќи тужба против Октар за злоупотреба. Таа го опиша животот во оваа група како затвор и додаде дека никој во Турција не го сфаќа сериозно Октар затоа што сака да биде опкружен со голи жени, но дека злоставувањето низ кое поминале неговите жртви е многу сериозно.
Додека исламот проповеда скромност меѓу жените, Октар тврдеше дека тоа е резултат на погрешно толкување и дека жените треба да ја заштитат својата „внатрешна убавина“ со својот изглед. Турското јавно мислење неговиот лик и дело го смета за невкусно.Озгул исто така изјави дека и се допаѓало да разговара со Октар кога првпат го запознала, бидејќи тој бил смешен и ја сфаќал сериозно. Таа му помогнала да изгради меѓународна репутација, па дури и му обезбедила говорни ангажмани во престижни институции како што е Универзитетот во Лондон. Меѓутоа, времето минувало, а слободата на движење и станала ограничена, а се што правела била набљудувана и проверувана. Имотот на Октар, каде престојувале следбениците на групата, постојано бил следен со неколку камери.
Во меѓувреме, другите членови имаа задача да намамат што е можно повеќе жени во групата. Еден од нив - Сахин и се придружил на групата како тинејџер, а почнал да носи скапа облека и да се грижи за својот изглед, кој требало да биде мамка за новите следбеници. Тој рече дека тој и другите „лавови“ поминувале време во трговски центри или кафулиња и започнувале разговори со жени таму претставувајќи се како претставници на агенција за фотомодели или сопственици на продавници на кои им требаат работници, за да можат да земат броеви од нив. Оваа шема беше наречена „систем на ротирачки врати“ и им помогна да донесат неверојатен број жени во култот со текот на годините.
Само Сахин довел 200 жени во култот, а вели дека Октар му го испрал мозокот, и дека верувал дека постапиле правилно. Сахин на крајот го напушти култот со уште неколку членови на групата и сподели информации со полицијата во замена за имунитет од гонење.
Сослушувањата содржеа ужасни детали и грозоморни наводи за сексуални злосторства, како што е сведочењето на силуваните жени кои биле принудени да земаат апчиња за контрацепција. Во станот на Октар се пронајдени неверојатни 69.000 апчиња за контрацепција.
Инаку, тој во декември на судијата му кажал дека имал близу 1.000 девојки.
„Моето срце е преплавено со љубов кон жените. Љубовта е човечка особина. Тоа е карактеристика на муслиманите“, рече тој на сослушувањето во октомври.
извор;zena.blic