ТУРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој им го зема приматот?

Во март годинава најмногу туристи во Македонија дошле од Германија. Турците сега се втори по бројност. 

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), најмногу странски туристи во март 2025 година дошле од Германија односно 10.410, од Турција (9.380), од Франција (4.648) и од Грција (4.504).

Бројот на туристите во март 2025 година изнесува 70.902, од кои 22 отсто се домашни туристи, а 78 отсто се странски туристи. 

Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесува 132.015, од кои 28 отсто се од домашните туристи, а 72 отсто од странските туристи.

Инаку, со години претходно Турците беа најбројни туристи заедно со Србите.

foto Wikipedia/Alan Grant