Твитер гори поради лицето на Доналд Трамп: „Инаку има портокалов тен, но што е ова“, зборуваат дека изгледа како вонземјанин (ВИДЕО)
Лицето или тенот на Доналд Трамп е чиста интрига. Штом неодамна се појави во Њу Хемпшир, како дел од кампањата за претседателските избори во 2024 година, неговиот необичен изглед привлече многу погледи. И прашањето е едно - што се случило пред да пристигне на овој настан?
Се појавија полемики за тоа дали Доналд Трамп прекумерно ја користел пудрата или можеби само-потемнувачот. Таа дилема го следи со години, а во коментарите пишуваат: „Што се случува со лицето на Трамп? Нормално, тоа е портокалово, но оваа боја изгледа болно“, „Како да не е од оваа планета“, „Што се случило овде?“.
Се појавија неколку фотографии и видеа од Доналд Трамп, кои се коментираат во споменатиот стил. За лицето на поранешниот американски претседател се зборуваше и во април 2023 година, откако тој се појави пред судот во Менхетен да се изјасни за обвинението што обвинителството во Њујорк го поднесе против него.
What is going on with Trump’s face? It’s usually orange, but this color looks awfully sick. He’s not long for this planet. pic.twitter.com/RFTsf7mkdO
— Rob Israel (@robisraelart) January 24, 2024
Се шпекулираше дека зад се, се кријат огромни количества пудра во погрешна нијанса, а постоеле и индикации дека за се е виновен самопотемнувачот. Заедно со неговиот необичен тен, неговиот имиџ е обележан и со распуштената коса, која исто така беше предмет на различни коментари.
Една од теориите за портокаловиот тен на Доналд Трамп е дека тој често оди на солариум, како што тврди неговата поранешна вработена Омароса Манигол (47) во својата книга. Експертот за шминка Џејсон Кели изјави дека за време на републиканската конвенција во 2016 година, Трамп носел шминка која создава ефект на тен.
Кога се појавил пред судот во Њујорк, на неговата јакна се гледа дека има дамки од пудра. Бидејќи овие дамки се наоѓаат во пределот на вратот, се чини дека тој не го користи овој козметички производ само за своето лице.
My man lookin like he drank from the wrong grail https://t.co/P7h3M1KFir
— Matt Scalici (@MattScalici) July 28, 2022
Како изгледа Доналд Трамп во природно издание беше видено во 2022 година кога беше фотографиран на неговиот имот на Флорида.
За време на неговиот прв претседателски мандат имаше низа коментари за неговиот тен и серијата продолжува.
ФОТО: Принтскрин