Убавата жена е убава кратко - Добрата жена е убава засекогаш: Љубовните совети на еден дедо

Кога ќе се спојат две души, предодредени една за друга, ништо не може да ја раздели нивната љубов.

Дедо ми бил голем фраер во своето време. Сите велат дека тој бил омилениот дечко во градот и дека многу жени го посакувале. Тој не се оженил до својата триесетта, што во тоа време било незамисливо. Имал репутација на голем швалер и ерген. Но, сè се променило кога ја запознал баба ми.

Таа не била како другите девојки кои лесно „паѓале на него“ - морал да ја освои. Баба често велеше дека на почетокот воопшто не ѝ се допаѓал, особено затоа што имал лоша репутација. Била сериозна девојка која завршила добро училиште и барала личност да биде „еден ама засекогаш“.

Никој не е сигурен како успеал да ја освои после долго време, но често давал љубовни совети кои верувам дека му помогнале во тоа. „Човекот сака да проба сè, но кога ќе дојде вистинското - нема да му треба друго“ - така велел дедо ми.

И навистина тоа го докажа со својот пример. Тој и остана верен на баба ми до последниот ден и секогаш ја третираше како кралица.

„Убавата жена е убава за кратко, а добрата жена е убава засекогаш“ – зборуваше мојот драг дедо. Баба ми не беше како убавиците што трчаа по дедо ми.

Но, таа сепак имаше нешто што го натера да ја сака за себе. 

„Кога ќе остарите, и кога сте само вие двајца, тогаш утринското кафе е најубавото чувство и има најголема вредност. Тогаш секој ден го цените будењето покрај вашата сакана. 

- Баба за жал го напушти овој свет пред него.

Ниту тој не можеше долго да издржи. Многумина велат дека постои „синдром на скршено срце“ и сигурен сум дека тој страдал од тоа. Неговиот живот немаше смисла без неа, а тој само го чекаше својот суден ден. Набргу по неа и тој си замина. Неговата љубовна приказна за многумина беше голема мотивација. Нѐ научи дека вреди да ја чекаме вистинската личност, а кога ќе се појави – да сакаме најдобро што можеме.


Фото: unsplash