„Удрив во жена која одеше по патот“: Првата изјава на Ѓорѓе Давид по сообраќајната несреќа
Ѓорѓе Давид учествуваше во
верижна сообраќајна несреќа што се случи на граничниот премин Куманово -
Табановце. Изјави дека има полесни
повреди па ги опиша деталите.
- Така е, се случи сообраќајна несреќа на три километри од македонската граница. Наводно, девојката и нејзиниот сопатник влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетала на автомобил и директно се судрила во него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена. Девојката која возела автомобил и удрила во друг автомобил била згмечена, полесно повредена. Меѓутоа, нејзината сопатничка, за која велат дека наводно и е мајка, не била - објасни Ѓорѓе.
- По несреќата на автопатот, едниот автомобил беше на левата лента, другиот во десната, а минута и пол по собраќајката налетав на нив со брзина пропишана со знакот на автопатот и директно ги удрив. Удрив во сопатничката која се движеше по автопат со мојот автомобил. Беше магла, ги вклучив долгите светла... се беше секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силен автомобил, инаку не знам што ќе се случеше со мене - изјави рокерот.
Рокерот бил проверуван од полицијата.
- Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам недозволени супстанци или алкохол во крвта. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела вои спротивна насока и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка која исто така била повредена - рече Ѓорѓе и додаде дека засега престојува во Македонија за да ја почитува процедурата во вакви случаи.
Фото:Инстаграм