Вака изгледа кога ќе ве изеде ајкула: Ја дофати камерата со вилиците наместо нуркачот, сѐ е снимено

Повеќето корисници беа запрепастени од сцената

Дури и искусните нуркачи стануваат нервозни кога ќе видат ајкула во близина и замислуваат дека е гладна.

На социјалните мрежи кружи видео кое за краток период „собра“ 30 милиони прегледи, а открива нешто неверојатно.

Тигреста ајкула се нафрли на нуркач, но не „ги омрси мустаќите“ - барем не како што сакаше, пренесува „Times Now News“.

Му ја грабнала камерата со вилиците и ја голтнала! Така, добивме можност да го видиме морскиот предатор од сосема нов агол.


Поконкретно, можевме да ѕирнеме во нејзината уста додека се обидуваше да ја проголта камерата. Се разбира, таа не успеа во тоа и ја исплука.

Повеќето корисници беа запрепастени од сцената, додека поединци имаа поинаков впечаток.

„Изгледа дека е многу пријатно внатре“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Изгледа како густа зимска јакна, одлично“.

Извор: Telegraf.rs