Вака ќе се лечиме во иднина: Дали сте подготвени да го ставите вашето здравје во рацете на роботи?
фото:printscreen/DW shift
Како би се чувствувале доколку наместо лекар ве лекуваат роботи базирани на вештачка интелигенција? Ова е место каде човековото здравје е во рацете на вештачката интелигенција.
Тие им кажуваат на пациентите каква болест имаат и како треба да ја третираат. Така ќе бидеме третирани во иднина. Оваа канцеларија, создадена од компанијата Forward, повеќе потсетува на продавница за технологија. Дизајнирана е од луѓе кои порано работеле во Google, Uber и Facebook.
На инвеститорите, вклучувајќи го и Питер Тил, многу им се допадна нивната идеја. Во Forward, лекарите користат најнова дијагностичка опрема. Покрај лекарите, пациентите се прегледуваат со посебен систем.
Илија Абизов, ко-основач на Forward: „Искуството на денешните лекари изгледа е од осумдесеттите. Каде е инженерството кога треба да ги одржувате луѓето во живот? „Овде, само треба да ги ставите прстите во специјални дупки за да ги проверите основните витални параметри. Стетоскоп со Bluetooth ќе го мери вашиот пулс, а инфрацрвените зраци веднаш ќе ги најдат вашите вени.
Д-р Нејт Фавини: „Ние правиме тестови на крвта овде, во ординација и не само тоа – резултатите се готови за само 12 минути“.
Сите резултати се видливи на екранот и анализирани од компјутер кој дијагностицира и предлага третмани.
Девин Брин, пациент: „Она што најмногу ми се допаѓа е комуникацијата помеѓу мене и докторот“.
Друга важна работа е што тука нема редици или бескрајно чекање за инструкции. Засега вакви ординации се отворени само во Сан Франциско и Лос Анџелес, а месечната сума на неограничени услуги е 149 долари.
извор:beograd.in