Забава // Занимливости
ВАКЦИНАТА ФАЈЗЕР ОДОБРЕНА ВО САД: За помалку од 24 часа ќе поче имунизација на Американците
- 12 Декември, 2020
За помалку од 24 часа ќе поче имунизација на населението во Америка
Вакцината на компаниите Фајзер и Бионтек е одобрена од Американската администрација за храна и лекови (ФДА), а за помалку од 24 часа ќе поче имунизација на населението, но само за итна употреба.
Инаку, во САД вакцината на Фајзер се уште нема целосно одобрување од властите, што значи дека за масовна имунизација на населението компанијата ќе мора да достави посебно барање до ФДА.
Во Велика Британија, пак, веќе цела недела се спроведува вакцинацијата, а според сите досегашни анализи оваа вакцина дава дури 95 отсто заштита.
Официјални дозволи за употреба на вакцината Фејзер се издадени и во Мексико, Бахреин и Саудиска Арабија.