Вакцината на Фајзер: Корист од неа после 10 дена, скоро и да нема нуспојави, ама...

Американската администрација за храна и лекови (ФДА), која треба да одобри употреба на вакцината Фајзер, објави извештај за голема клиничка студија спроведена на 44.000 луѓе од САД, Бразил и Аргентина, што покажува дека првата корист од вакцината е забележана веќе 10 дена, по примањето на првата доза.

Во извештајот на 100 страници се вели дека вакцината е ефикасна без оглед на возраста, расата и телесната тежина, а единственото нешто што не е јасно е колку трае заштитата, што дополнително ја нагласува потребата од втора доза, пишува Џујорк Тајмс за извештајот на ФДА.

Претходните студии покажаа дека втората доза од вакцината Pfizer Biontech му дава на имунитетниот систем големо зајакнување, ефект познат кај многу други вакцини.

Во студијата не беа пронајдени сериозни несакани ефекти, но многу испитаници се пожалија на треска, главоболка, чувство на студ, замор, болка во мускулите и зглобовите, а голем број на испитаници исто така имаа реакција на местото каде што примиле вакцина.

Анализата на вакцината Фајзер открива дека многу испитаници не се чувствувале добро првите неколку часа по примањето на втората доза на вакцината, што значи дека некои луѓе би можеле да побараат слободен ден од работа, односно да побараат неколкучасовен одмор по приемот на втората доза на вакцината.

Многу експерти изразија загриженост дека вакцината за коронавирус може да заштити одредени групи на луѓе подобро од другите, но резултатите не укажуваат на тој проблем.